Линкови за пристапност

Состанок на Јадранската повелба во Скопје


Состанок на Јадранска повелба во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Големи очекувања на Вашингтон за Македонија за идната 2018-та – земјата да ја види како 30-тата членка на НАТО. Оптимистичките проценки ги изнесе директорот на канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот на денешниот состанок на Јадранската група со кој се заокружи македонското претседавање со А5.

„Бевме благодарни што оваа година го поздравивме влезот на Црна Гора во НАТО како 29 членка. Би било добро ако го поздравиме влезот на Македонија како 30-та членка на НАТО догодина во Подгорица, тоа би било извонредно нешто“, изјави Метју Палмер директор на канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот.

Македонската влада уверува дека ќе стори се што може за да ја искористи шансата што се пружа во 2018-та.

„Благодарни сме за обновениот интерес и посветеност и во Вашингтон и во европските престолнини. Сметаме дека идната година е година на можности, Македонија ќе направи се што може за да ја искористи таа шанса и се надевам дека ќе има контекст во кој ние ќе бидеме наредниот дел од сложувалката“, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Димитров не сакаше да зборува во детали за вчерашната преговарачка рунда за името во Брисел. Еден од клучните проблеми за реализација македонската евроатлантска агенда не помина под „радарот“ на високиот претставник на Стејт Департментот.

„Евентуално решение на прашањето за името низ процесот во ОН ќе ја зајакне регионалната стабилност. Го поздравуваме рестартирањето на преговорите меѓу Македонија и Грција за постигнување решение“, додаде Палмер.

Од догодина Црна Гора го презема претседавањето со Јадранската група чии членки оваа година на Самитот во Подгорица од американскиот потпретседател Пенс слушнаа силни пораки дека местото на Западниот Балкан е во евроатлантските структури. Македонија, заедно со Хрватска и Албанија, беше една од оснивачките на оваа група. Хрватска и Албанија уште во 2008-та влегоа во НАТО. Македонија се уште е надвор од Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG