Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп ја почна ревизијата: Најавена проверка за секој потрошен долар странска помош


Нова опрема за спасувачките служби во Украина, доделени преку USAID, Киев, 17 јули, 2023 година
Нова опрема за спасувачките служби во Украина, доделени преку USAID, Киев, 17 јули, 2023 година

Администрацијата на Трамп нареди тримесечна пауза на речиси целата странска развојна помош. Хуманитарните групи и борците за човековите права, пак, предупредуваат дека овој потег ќе стави во опасност безброј животи ширум светот

Соединетите Американски Држави потрошија само 70 милијарди долари во вид на странска помош во фискалната 2023 година, најголем дел преку Американската агенција за меѓународен развој или УСАИД.

САД се најголемиот снабдувач на хуманитарна помош во светот и глобален лидер за превенција и третман на заразени со ХИВ преку Претседателскиот план за итни случаи за помош од СИДА.

Со еден потег на пенкалото, претседателот Доналд Трамп ја „замрзна“ целата помош, освен најитно потребната за храната, дел од неговата заложба да го ревидира ставот на САД за нејзината надворешна политика, согласно Америка на прво место.

Наредбата ги стопира новите обврски и исплатите на средствата за развојна помош за 90 дена додека се разгледуваат.

Во изминатите четири години, видовме дека администрацијата на Бајден троши пари неконтролирано. Тоа е голема причина зошто имавме криза со инфлацијата
Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа

Белата куќа го изложи своето образложение за сличен потег со кој се запираат сите федерални грантови и заеми почнувајќи од вторник - иако портпаролката Каролин Левит не појасни кои домашни програми се стопирани.

„Во изминатите четири години, видовме дека администрацијата на Бајден троши пари неконтролирано. Тоа е голема причина зошто имавме криза со инфлацијата. Мора да се води сметка дека секој долар се троши домаќински“, посочи Левит.

Белата куќа не одговори на прашањата на Гласот на Америка за повеќе детали за тоа кои програми за странска помош ќе бидат засегнати.

Хуманитарните групи алармираат за странските програми, од кои некои се фокусираат на прашања како родова еднаквост, развој на бизнисите и - најважно - обезбедувањето лекови за ХИВ, финансирани од САД, кои официјалните лица Бајден ги нарекоа „клучен столб“ на односите на Вашингтон со светот во развој.

„Генералниот секретар со загриженост ја коментира најавата за запирање на американската странска помош. Тој бара да се разгледаат исклучоци, за да се обезбеди континуирана испорака на критичните развојни и хуманитарни активности за најранливите заедници ширум светот. Некои животи и егзистенција зависат од оваа поддршка“, апелира Стефан Дјурарик, портпарол на ОН.

Претседателот Трамп најави проверка на „секој долар“ потрошени средства за странска помош од даноците што ги плаќаат американските граѓани. Донал Трамп на брифинг со новинарите во Белата куќа, 31 јануари, 2025
Претседателот Трамп најави проверка на „секој долар“ потрошени средства за странска помош од даноците што ги плаќаат американските граѓани. Донал Трамп на брифинг со новинарите во Белата куќа, 31 јануари, 2025

Најголемиот поединечен проект на УСАИД во фискалната 2023 година обезбеди 14 милијарди долари невоена помош за Украина.

Поборниците за човекови права велат дека ја поздравуваат силната одговорност за трошењето финансиски средства на американските даночни обврзници - но не и запирање на помошта за време на ревизиите.

Не мора да ја суспендирате итната помош, додека правите преразгледување
Никол Видерхајм, Хјуман Рајтс Воч

„Ако сакате преразгледување на целата помош, започнете со ревизија. Бидете кристално јасни во очекувањата. Не мора да ја суспендирате итната помош, додека правите преразгледување“, вели Никол Видерхајм од Хјуман Рајтс Воч.

Аналитичарите изразија загриженост за непосредното влијание на извршната наредба за прекин на операциите.

„Има реална загриженост за непосредното влијание од указот за прекин на работата преку странската помош. Мораме да наведеме дека странската помош вклучува хуманитарни проекти коишто се однесуваат на дистрибуција на вакцини, на пример, за децата ширум светот за да се осигураме дека тие се имуни на заразни болести“, посочува Естер Бример од Совет за надворешни односи.

Во врска со тие глобални прашања за јавното здравје, ставот на претседателот Трамп е јасен: тој, исто така, најави, на првиот ден на функцијата, дека ќе ги повлече САД од Светската здравствена организација, наведувајќи ја загриженоста дека Америка е „задушена“ како најголем донатор на организацијата. Истото го направи и во првиот мандат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG