Линкови за пристапност

Адидас ги претстави новите униформи на НБА


Адидас ги претстави новите униформи на НБА
Адидас ги претстави новите униформи на НБА

Новите униформи се направени од 60 проценти рециклиран материјал, и се за 30 проценти полесни и се сушат два пати побрзо од претходната верзија.

Секој тим во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) ќе носи нови униформи оваа сезена.

Адидас го претстави „НБА Револуција 30“, за кој тие велат дека е најлесен и технолошки најусовршен дрес на НБА.

Новите униформи се направени од 60 проценти рециклиран материјал, и се за 30 проценти полесни и се сушат два пати побрзо од претходната верзија. Предните и задните цифри се сменети од потежок, густ материјал, во мрежест што дише. Тие се значително помалку сјајни во споредба со претходните униформи.

Адидас работеше со НБА четири години за да ги тестира униформите и доби реакција од повеќе од 200 играчи на НБА и играчи на Развојната лига на НБА.

Сезоната 2010-2011 на НБА започнува на 26 октомври.

XS
SM
MD
LG