Линкови за пристапност

Конгресменот Адам Шиф: Лажните вести се закана за демократијата


Конгресменот Адам Шиф: Лажните вести се во служба на автократите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Многу млади луѓе се` уште се сомневаат дали демократијата е најдобра форма на владеење, предупреди претседавачот со Комисјата за разузнавање во Претставничкиот дом

Растот на авторитарзимот е нов идеолошки предизвик со кој се соочува светот денес, изјави конгресменот Адам Шиф, претседавач со Комисјата за разузнавање во Претставничкиот дом.

Според него, многу млади луѓе се` уште се сомневаат дали демократијата е најдобра форма на владеење.

Кина и Русија, преку ефективната технологија и ширење лажни вести го зголемуваат овој проблем, вели тој.

„Кинескиот модел и руските напори за потценување на демократијата, заедно со притисокот поради економски проблеми, придонесуваат кон трендот на тоталитаризам“, смета тој.

Шиф вели дека начинот на кој се добиваат информациите на социјалните медиуми е во служба на автократите.

„Ова е медиум на кој лагите патуваат побрзо од вистината, стравот и гневот стануваат вирални. Сето ова, заедно со економската несигурност и проблематичната информациска средина, претставува вистинска закана за демократијата“, рече Шиф.

Нагласи дека САД прават се` што можат за да ги спречат руските намери за можно влијание во изборите 2020, но, оти технологијата станува се` помоќна.

А впечатокот од лажните вести тешко се поправа, вели тој.

„Русите покажаа колку е лесно да се манипулира со гласачите. Ризикот е раширен насекаде. Сигурно е можно едни држави да се мешаат во внатрешните работи на други држави“, изјави Шиф.

А држави како Северна Македонија, пак, се први на удар на руското малигно влијание, изјави на неодманешниот распит во Сенатската комисија за надворешни работи Кетрин Вилбаргер, помошник - секретар во Пентагон за меѓународни безбедносни прашања.

„Властите во Северна Македонија се обидуваат да откријат каква порака Русија ќе испрати за да влијае врз гласачите, и се обидува да ги поготви граѓаните пред таа порака да биде испратена“, рече Вилбаргер.

Нагласуваат дека ризикот за демократијата и човековите права уште повеќе ќе расте со брзиот развој на технологијата и дигиталниот тоталитаризам, кога само преку препознавање на лице може да се следат граѓаните каде одат, што објавуваат на Фејсбук, дали патуваат, каков им е кредитниот рејтинг...

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG