По неколкудневното инсистирање на опозициската СДСМ и медиумите - надлежните органи да го кажат својот став за сомнежите што во јавноста ги отвори случајот „Актор“, попладнево со соопштение се огласи Управата за финансиско разузнавање.
Управата соопшти дека навремено, уредно и согласно ингеренциите, ги има преземено сите мерки, активности, процедури и дејствија согласно законот. Во соопштението, таа открива дека на 11-ти ноември 2013 година отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност.
Од Управата исто така известуваат дека преземале првични дејствија и побарале информации во врска со овој случај од соодветните финансиски институции, кои се со надлежност и делокруг на постапување за ваков тип на предмети во државата. По спроведените анализи, ги известиле државните институции кои имаат врска со овој вид на проблематика, а во изминатиот период извршиле проверки и соодветни дејствија за обезбедување на факти, докази и аргументи кои се од значење за понатамошното одвивање на целата постапка, која се` уште трае, се вели во соопштението од Управата за финансиско разузнавање.
Во соопштението се укажува и на, како што се наведува, штетата што се предизвикува со шпекулациите на оваа тема.
Изнесувањето на определени информации во врска со овој случај во јавноста и со манипулацијата на тие информации во дневнополитички цели, свесно или не, се прави штета за одвивањето на целиот случај по повеќе основи, кои може да ја загрозат целокупната постапка и истрага и да го отежнат прибирањето на факти, докази и аргументи во врска со случајот во понатамошните негови фази, се вели во соопштението.
Управата, исто така, ги отфрли обвинувањата на медиумите дека не добиле одговори на нивните прашања.
Не се точни наводите во дел од медиумите дека наводно од страна на Управата добиле формален одговор на прашање на оваа тема дека Управата немала Интернет, а таквите наводи ги оценуваме како неетичко однесување од страна на дел од медиумите кои очигледно наместо вистината во прв план имаат однесување по однапред утврден агол и во нечија функција, стои во соопштението.
Денска, за порталот „Фактор“, изјава за случајот даде и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, според кого најпрвин треба да реагираат Агенцијата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција.
До нас се` уште не стигнато известување од овие две институции. Законски прво треба да реагираат овие институции, па потоа постапува Јавното обвинителство. Но, доколку до крајот на следната недела не добиеме известување, тогаш ние ќе покренеме постапка за случајот по допрен глас, изјави државниот јавен обвинител.
Откако СДСМ обелодени дека од грчката фирма „Актор“, преку грчки државјани кои ја поминуваат организирано границата, од филијала на Стопанска банка во Неготино во кеш се испумпале повеќе од три милиони евра, партијата ги повика државните институции да го расветлат случајот.