Линкови за пристапност

„Обликот на водата“ доби Оскар за најдобар филм


Оваа драма доби вкупно четири Оскари, вклучувајќи и за најдобар режисер за Гилјермо дел Торо

Филмот „Обликот на водата“ (Тhe Shape of Water) доби Оскар за најдобар филм, на годинешното 90-то издание на доделување на наградите за филмските остварувања во Холивуд.

Оваа драма доби вкупно четири Оскари, вклучувајќи и за најдобар режисер за Гилјермо дел Торо.

„Растејќи во Мексико, мислев дека ова нема никогаш да се случи. Но, се случи“, рече дел Торо, заблагодарувајќи се за наградата.

Оскар за најдобра актерка доби Френсис Мекдорманд, за нејзината улога во филмот „Три билборди пред Ебинг Мисури“ (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri), каде игра улога на мајка која се бори против локалната полиција во пронаоѓање на убиецот на нејзината ќерка.

Во истиот филм, Сем Роквел, пак, доби Оскар за најдобра споредна улога.

Оскар за најдобар актер доби Гери Олдман, за улогата на британскиот премиер Винстон Черчил во филмот „Најтемниот час“ (Darkest Hour) во време на Втората светска војна.

Алисон Џени ја доби наградата за најдобра споредна улога во филмот „Јас, Тонја“ (I, Tonya).

Џордан Пил доби Оскар за најдобро оригинално сценарио за филмот „Бегај“ (Get Out), за кој беше номиниран и за најдобар режисер.

Џејмс Ајвори доби оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Викај ме по твоето име“ (Call Me By Your Name).

Филмот „Коко“ (Coco) победи во категоријата најдобара анимација, додека чилеанската драма „Фантастична жена“ (Fantastic Woman) доби Оскар за најдобар странски филм.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG