Линкови за пристапност

Вирџинија го одобри рестриктивниот закон за абортус


Мерката што бара жените во југоисточната држава Вирџинија да имаат надворешен преглед со ултразвук пред да одат на абортус ја мина последната легислативна препрека.

Предлог законот беше одобрен во четвртокот од Домот на делегатите под контрола на републиканци (со 61 спрема 35 гласови). Иницијално документот наложуваше женте кои бараат абортус да минат низ поинвазивен вагинален ултразвук, за да се утврди староста на фетусот. Но, тоа предизвика лути демонстрации од активисти кои се за слободен избор во главниот град на државата, Ричмонд, и беше исмејувано на многу телевизиски емисии.

Контроверзата го поведе републиканскиот гувернер Боб МекДонел да ги поттикне законодавците да ја елиминираат инвазивната процедура во изменета верзија на предлог законот. Ревидираниот документ исто така ги иззема жените кои биле жртва на силување или инцест, а кои го пријавиле нападот на полиција.

Актот мина во Сенатот на Вирџинија во вторникот. Сега оди кај МекДонел на потпис. Вирџинија со тоа ќе стане седма сојузна држава која за абортус ќе бара изведување на ултразвук.

XS
SM
MD
LG