Линкови за пристапност

Шинзо Абе положи цвеќе пред посетата на Перл Харбор


Целта на јапонскиот премиер е да покаже дека односите меѓу САД и Јапонија прогресирале по Втората светска војна

Јапонскиот премиер Шинзо Абе положи цвеќе пред неколку споменици во Хаваи, во пресрет на средбата со американскиот претседател Барак Обама кај споменикот Перл Харбор, во чест на 2.400 лица кои беа убиени во јапонскиот напад во 1941-та година.

Абе е првиот јапонски премиер да го посети овој споменик, но, неговиот тим даде јасно објаснување дека целта на посетата не е да се извини за нападот во Втората светска војна. Наместо тоа, Абе сака да покаже како односите меѓу САД и Јапонија прогресирале по војната.

Во мај, претседателот Обама стана првиот американски лидер кој ја посетил Хирошима.

XS
SM
MD
LG