Линкови за пристапност

Австралија ветува продолжување на потрагата по авионот


Премиерот Тони Абот кажа дека дека семејствата на 239-те лица кои биле на авионот заслужуваат да знаат што се случило.

Австралија ветува дека ќе продолжи со потрагата по исчезнатиот малезиски авион, додека роботска подморница ќе ја комплетира првата фаза од нејзиниот, до сега, неуспешно скенирање на дното на Индискиот Океан.

Центарот за координација кажа дека возилото на далечинско управување Блуфин 21 завршило околу 80 проценти од првата мисија без да најде никаков „контакт од интерес“.

Премиерот Тони Абот во среда кажа ако возилото се врати без да лоцира какви било остатоци од авионот, властите ќе „го преиспитаат пребарувањето“. Но тој рече дека потрагата нема да биде напуштена. Тој рече дека семејствата на 239 лица кои биле на авионот заслужуваат да знаат што се случило.

Министерот за одбрана Дејвид Џонстон, за Асошиејтед прес кажа дека помоќна, комерцијална сонарна опрема би можела наскоро да биде испратена да помогне во истражувањето на 4,5 километри длабоката област за пребарување.

Потрагата во моментов е фокусирана на област со радиус од 10 километри што е околу точката каде што властите веруваат дека слушнале сигнал од црната кутија. Од тогаш батериите се истрошени.

На површината на океанот, бродовите продолжуваат да пребаруваат поголема област.
XS
SM
MD
LG