Линкови за пристапност

Обама се среќава со Абас во Белата куќа


САД се надеваат да спречат колапс на мировните преговори

Американскиот претседател Барак Обама во понеделник се среќава со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Белата куќа за разговор во врска со застоениот мировен процес на Блискиот исток.

Средбата доаѓа пред рокот 29-ти април за постигнување рамковен мировен договор за проблематичните израелско-палестински мировни разговори.

Обама се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред две недели.

По повеќе од седум месеци на разговори под медијаторство на САД, има растечки песимизам и несогласување.

Двете страни не изгледа дека направиле видлив напредок во намалувањето на разликите по главните прашања во конфликтот што трае повеќе од шест децении. Нивните разлики особено се однесуваат на статусот на Ерусалим, судбината на палестинските бегалци, границите и безбедноста.

САД се надеваат дека рамковниот договор ќе спречи колапс на мировниот процес и ќе овозможи преговорите за финалната спогодба да продолжат до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG