Линкови за пристапност

Палестинскиот претседател ќе бара гласање во ОН


Палестинскиот претседател ќе бара гласање во ОН
Палестинскиот претседател ќе бара гласање во ОН

Махмуд Абас ветува дека нема да отстапи од намерата за барање државност за Палестинците; Турскиот премиер дава поддршка

Во Обединетите нации е во тек третиот ден од годишното Генерално заседание на Обединетите нации, кое ќе продолжи и следната недела. Меѓу денешните говорници се лидерите од Ирак, најновата држава Јужен Судан, како и Израел. Но денеска се очекува и палестинскиот претседател Махмуд Абас да поднесе барање за полноправно членство до ОН. САД прават дипломатски напори во насока на одлагање на гласањето во Светската организација, и ветија вето по прашањето во Советот за безбедност. Палестинскиот претседател Абас не покажа знаци дека ќе се откаже од намерата да поднесе формална апликација за палестинската државност.

Додека чекаме на епилогот, синоќа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика светските лидери да извршат притисок врз Израел за постигнување мир со Палестинците. Тој ја поддржува апликацијата за палестинска државност, како и многу други членки на ОН.

XS
SM
MD
LG