Линкови за пристапност

И адвокатите да вршат проверка на Владата


И адвокатите да вршат проверка на Владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Разговор со директорката на програмата на АБА РОЛИ во Скопје Елизабет Гивенс, која ги обучува адвокатите според измените на Законот за кривична постапка

Адвокатите во Македонија треба да имаат права како обвинителите. На тоа работи Балканска регионална мрежа за владеење на правото на АБА РОЛИ во Скопје, која прави обуки на адвокати за да се воспостави поголема проверка врз Владата.

Оваа реформа е услов за влез на Македонија во Европската унија и во НАТО, а произлегува од измените на Законот за кривична постапка. Целта е адвокатите како и обвинителите, да имаат можност да ги презентираат доказите, а не само да одговараат на прашања на судијата.

Директорката на програмата на АБА РОЛИ во Скопје Елизабет Гивенс, за ова зборуваше при нејзината неодамнешна посета на Гласот на Америка.

Таа вели дека овој метод е познат како фер шанса за борба.

„Адвокатите се независни, не се владини актери, не се вработени од Владата, но играат голема улога, кога е во прашање одговорноста и проверка на Владата. Мислам дека е важно сите кои ги спрoведуваат реформите да го имаат тоа на ум“, вели таа.

Гивенс смета дека донесените законски измени се добри, но оти недостига нивно спроведување во пракса.

За таа цел, во тек е проект за соработка на македонските адвокати со нивните колеги од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, преку размена на искуства за проблемите со кои се соочуваат. Тие најчесто соработуваат на интернет, каде заеднички ги решаваат проблемите.

„Има голема корист од поврзувањето на овие држави од регионот, зашто имаат слична историја, правен систем, транзиција и култура. Но, има и разлики меѓу нив.

Целта на овој проект е да ги доближи, да помогне во транзицијата на нивните системи, напишаното да биде подобрено и да се надминат проблемите на имплементација“, рече таа.

Овој проект, ќе се затвори во септември, по што Гивенс очекува да бидат идентификувани слабостите на кривичната постапка.

Таа вели дека во меѓувреме, во најдобар интерес на државата е да се задржи професионалноста.

„ Мислам дека се додека сте професионалци, судии, обвинители или адвокати, ако сте фокусирани да ја извршувате работата, на најдобар начин на кој можете, мислам дека не можете да погрешите“, порачува Гивенс.

XS
SM
MD
LG