Линкови за пристапност

Американците се селат во помали места поради високите трошоци за живот


Ги напуштаат градовите како Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго, за да живеат во помали места како Феникс, Лас Вегас и Далас, покажуваат истражувањата

Се` повеќе Американци се селат во помали места во потрага по поквалитетен живот.

Според Американското биро за попис, тие ги напуштаат градовите како Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго, за да живеат во помали места како Феникс, Лас Вегас и Далас.

На ваквиот чекор се одлучуваат поради пониските трошоци за живот, што е главна причина за речиси половина од лицата што се преселиле досега.

Податоците покажуваат дека овие лица бараат подобро и поевтино домување, како и да купат куќа место да изнајмуваат.

На пример, цената за месечно изнајмување дом во Менхетн изнесува околу 4.100 долари, што е речиси две третини од месечно примање по домаќинство во Њујорк. Купувањето дом е уште поскапо, или околу 1.1 милион долари.

Од друга страна, податоците покажуваат дека просечните месечни примања по домаќинство во Феникс изнесуваат околу 63.000 долари, а месечната кирија е околу 1.100 долари, што за многумина е причина да ги напуштат големите градови и да се вдомат во средно големи градови низ државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG