Линкови за пристапност

Буш: Поддршка за искоренување на корупцијата во Романија - 2005-03-09


Претседателот Буш го прими романскиот колега Трајан Башеску со пофални зборови за романската транзиција од диктатура во слободно општество.

- Му реков на претседателот дека сум особено импресиониран од неговата кампања да ја исчисти владата од корупција. Тоа е цврсто и силно ветување. Тој верува во транспарентноста и правната држава, а тоа е мошне важно - рече Буш

Претседателот Башеску изјави дека на ова прво патување во САД носи порака од романскиот народ.

- Среќен сум што дискутирав со нашиот сојузник, американскиот претседател Буш. Среќен сум што ја пренесов нашата порака за демократија, за слобода, за развој на нашето стратешко партнерство - истакна Башеску.

Романскиот претседател најави дека сака да соработува со САД на решавање на проблемите и постигнување на стабилност во регионот на Црното Море. Претседателот Буш, пак, истакна дека Романија е сигурен сојузник во ширењето на слободата во светот.

Во Ирак и Авганистан, Романија има вкупно околу 800-тини војници, и последниве години изгради стабилни билатерални односи со САД. Претседателот Буш во 2002-ра ја посети Романија каде френетично беше поздравен од жителите на Букурешт за време на говорот на централниот плоштад.

XS
SM
MD
LG