Линкови за пристапност

Буш бара целосно повлекување на сириските трупи од Либан - 2005-03-09


- Претседателот Асад изјави дека трупите се повлекуваат во долината Бека. Тоа е половична мерка. Резолуцијата 1559 е многу јасна. Работевме со Франција и со Советот за безбедност на ОН на изгласување на резолуцијата, во која стои - целосно повлекување, а не половични мерки - изјави Буш.

Сириските војници и агенти треба да го напуштат Либан пред одржувањето на парламентарните избори во мај, со цел изборниот процес да мине во слободна и фер атмосфера, им кажа американскиот претседател на новинарите по средбата со неговиот романски колега Трајан Башеску.

Сириски дипломати велат дека сите војници ќе се вратат дома за два до три месеци. Засега силите се повлекуваат во области близу сириската граница Повлекувањето започна во вторникот по зголемениот дипломатски притисок од САД, ЕУ и неколку арапски влади, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија.

Повиците за повлекување зајакнаа по атентатот врз поранешниот либански премиер Рафик Харири. Опозицициските политичари во Либан ја обвинија Сирија за вмешаност. И официјален Дамаск и про-сириската влада во Бејрут негираат секаква вмешаност.

XS
SM
MD
LG