Линкови за пристапност

Дел Понте незадволна од соработката на Хрватска - 2005-03-09


Карла дел Понте не е задоволна од соработката на Хрватска со Хашкиот трибунал. Хашката обвинителка тоа го напишала во својот нов извештај кој вчера му беше предаден на луксембуршкото претседателство со Европската унија, пренесува прес агенцијата Ројтерс повикувајќи се извори на луксембуршкото претседателство.

„Во последните месец дена не сум добила информации кои би ме мотивирале да го сменам мојот став за соработката на Хрватска со Трибуналот”, пишува дел Понте во извештајот. Нема да може да се каже дека соработката со Трибуналот е потполна се́ додека Готовина не биде во Хаг - вели Дел Понте која исто така смета дека мерките што досега Хрватска ги презела, како замрзнување на финансиските сметки на Готовина, се задоцнети и недоволни.

Амбасадорите на Унијата денес во Брисел одржуваат состанок на кој, врз основа на ова писмо, треба да биде донесена одлуката дали ќе се започне со преговори за членство на Хрватска. Амбасадорската одлука идната недела треба да ја потврдат министрите за надворешни работи. Европската комисија е во очекување на денешната одлука на амбасадорите. Според поранешна изјава на портпарол на Комисијата, негативен извештај на Дел Понте за Хрватска неизбежно ќе значи одложување на преговорите што беа закажани за 17 март.

XS
SM
MD
LG