Линкови за пристапност

Заркави на нови фотографии, но се уште на слобода  - 2005-03-08


Се претпоставува дека се работи за нови и досега најчисти фотографии на кои може да се види Абу Мусаб ал Заркави – за кого САД велат дека стои за најголемиот дел од бунтовничките напади во Ирак. Според извори на телевизијата Еј-Би-Си, фотографиите потекнуваат од видео снимка направена минатиот ноември.

Винс Канистраро, кој е поранешен директор за контраразунавање на ЦИА, вели дека „фотографиите даваат подобра претстава како тој изгледа, каде оди и што прави, и помага да му влеземе во трагата и да го пронајдеме“.

Се смета дека Заркави стои зад бројните експлозии на автомобили-бомби како и обезглавувањата на заложници во Ирак. Неговата врска со Ал-Каида само ја подвлекува досега неуспешната потрага по Осама бин Ладен. Минатата недела, претседателот Буш потврди дека постојат разузнавачки информации оти Бин Ладен побарал помош од Заркави во планирањето на нови напади на американска почва.

„Бин Ладен е во позадината, но повеќе како фигура, или симбол“, смета Винс Канистраро.

Потрагата по Заркави засега е без резултат. Во неколку ситуации тој во последен момент успеал да побегне. Винс Канистраро вели дека тој навидум секогаш е на штрек во врска со обидите на коалицијата да го пронајде.

XS
SM
MD
LG