Безбедносните структури во Македонија се повикани на поголема внимателност откако беше објавена информацијата дека Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија покренал обвинение против косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
„Се надеваме дека состојбата на Косово во светло на најновите настани ќе остане стабилна и под целосна контрола. Ова ќе биде уште еден тест за меѓународната мисија и институциите на Косово. Од наша страна, состојбата внимателно се следи и сите безбедносни структури се повикани на поголема внимателност“, изјави портпаролот на Кабинетот на шефот на државата, Валентин Николовски.