На редовниот брифинг во американскиот Стејт Департмент, портпаролот Ричард Баучер кажа дека САД ја поздравуваат подготвеноста на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај да замине за Хаг и притоа повикаа луѓето на Косово да се воздржат од секакво насилство.
„Ја повторуваме важноста да се продолжи со работата на стандардите на Косово. Почитувањето на законот е клучен елемент на стандардите“, кажа Баучер.
Тој рече дека САД продолжуваат да го поддржуваат Хашкиот суд и ги повика сите страни на Косово, но и ширум регионот, да продолжат да соработуваат со трибуналот. „Тоа вклучува апсење и испорачување на сите лица во бегство против кои Хаг има покренато обвинение“, изјави портпаролот Баучер.