Либан
Владите на Либан и Сирија денеска најавија дека сириските трупи во Либан до крајот на март ќе завршат со повлекување во области во близина на границата, но допрва треба да се одреди рокот за нивно целосно повлекување.
Вака се вели во заедничкото соопштение на сирискиот претседател Башар Ал-Асад и неговиот либански колега Емил Лахуд.
Белата куќа синоќа ирази сомневање во намерите на Сирија. Советникот Ден Бартлет кажа дека кога Сирија дава ветување, треба да се види што од зборовите ќе се спроведе во дело. Американски официјални лица сметаат и дека не постојат гаранции оти во Либан нема да останат сириски агенти.
Ирак
Во напад на бомбаш-самоубиец северно од Багдад денеска загинаа најмалку 15 лица, а повредени се околу 20 други.
Полицијата соопшти дека нападот се случил пред домот на ирачки офицер во градот Балад. Во Бакуба пак, во напад врз ирачки војници и полицајци загинале најмалку 10 лица.
Во меѓувреме денеска во Италија беше погребан италијанскиот агент Никола Калипари, кој работеше на ослободување на италијанскиот заложник во Ирак - новинарот Џулијана Сгрена. Тој загина откако американските сили отворија оган врз возилото со кое обајцата се движеа кон багдадскиот аеродром. Сгрена вели дека американските сили отвориле оган бидејќи Италија платила откуп за нејизното ослободување, додека САД тврдат дека се работи за несреќен случај.
Претседателот Буш нареди целосна истрага за инцидентот.