Линкови за пристапност

Предлог закон за промоција на  демократијата во светот - 2005-03-04


Двопартискиот предлог предвидува формирање на канцеларија за демократски движења и транзиции во Стејт Департмент, и би воспоставил одвоени таканаречени регионални центри на демократијата во различни американски амбасади за координација на промоцијата на демократијата. Предлогот бара 300 милиони долари за финансирање на овој напор.

Иако промоцијата на демократија долго беше цел на американската надворешна политика, спонзорите на на легислативата велат дека важноста за американските национални интереси стана поочигледно по терористичките напади на САД од 11 септември 2001.

Сенаторот Џон МекКеин е Републиканец од Аризона. Тој вели "Научивме дека таму каде што владее репресија, недостигот на политичка партиципација и економски можности создава очај па дури и екстремизам. Така, кога безбедноста на Њујорк и Вашингтон или Калифорнија делумно зависат од степенот на слобода во Ријад или Багдад или Каиро, тогаш ние мора да промовираме демократија, владеење на правото и социјална модернизација, исто како што промовираме софистикација на нашето оружје и модернизација на нашата армија.“

Конгресменот Френк Волф, републиканец од Вирџинија, вели дека идејата на легислативата не е да наметнува американски модел на демократија на други држави.

"Со овој предлог закон и друга политика“, вели тој, „ние ќе ги оспособиме луѓето кои имаат волја за тоа да пронајдат сопствени форми на демократија."

Законодавците велат дека актот не значи унифициран приод за промовирање на демократски промени туку ќе создаде посебна стратегија за државите со не-демократски режим.

Иако тие не прават листа на земји каде се надеваат да предизвикаат демократски промени, сепак сугерираат Северна Кореја да биде приоритет.

Сенаторот Џо Либерман, демократ од Конетикат, забележа дека непрофитната организација Фридом Форум набројува 45 држави кои не се слободни. Тој вели дека не е изненадување што легислативата е предложена сега, во времето на избори во Авганистан и Ирак, и други продемократски развој низ светот:

"Се случува воодушевувачко движење на демократска трансформација во светот. Идеалите што ги инспирираат реформистите и револуционерите во Украина, што го поведе народот на Либан да бара право на самоуправување се во срцето на овој предложен документ за напредување на демократијата", вели сенаторот Либерман.

Конгресменот Том Лантос, демократ од Калифорнија и преживеан од Холокаустот вели дека целта на легислативата е да создава услови за демократски промени во долг период, можеби и со децении.

XS
SM
MD
LG