Линкови за пристапност

Средба на претседателите на парламенти на Македонија и Србија - 2005-03-03


Јордановски-Марковиќ

Меѓу Македонија и Србија нема проблеми, туку само некои отворени прашања. Вака претседателите на македонскиот и српскиот Парламент, Љупчо Јордановски и Предраг Марковиќ ги окарактеризираа, инаку, добрите соседски односи, по денешната прва нивна средба во Скопје. Едно од нив е прашањето за демаркација на северната македонско-српска граница во делот кон Косово, на што обајцата претседатели на законодавните дома со дипломатски одговор -

„Се согласивме дека тука треба да се најде решение кое што е обострано прифатливо“ изјави Јордановски.

Србија е заинтересирана за отворање на пет гранични премини, два веќе се подготвени, а три се подготвуваат. „Блиску сме до тоа границите веќе да не бидат пречка, особено за локалното население“, рече Марковиќ.

Македонија е последната дестинација од неколкудневната турнеја Косово- Унгарија - Република Српска на претседателот на Српското Народно собрание Марковиќ. „Прво бев таму каде што има најмногу проблеми“, изјави тој.

Тој изрази надеж дека Македонија до крајот на годинава ќе добие позитивен одговор на европрашалникот и ќе се стекне со статусот земја кандидат за членство во ЕУ.

„Парламентите се места од каде се́ почнува и се́ завршува. Се надеваме дека оваа посета ќе биде почеток на поинтензивни контакти меѓу двата парламенти“, рече претседателот на македонскиот парламент.

XS
SM
MD
LG