Линкови за пристапност

Буш и Путин - 2005-03-03


///Ова е уреднички коментар што ги одразува гледиштата на американската влада///

Буш и Путин

За време на Самитот во Братислава, Словачка, американскиот претседател Џорџ Буш и шефот на руската држава Владимир Путин се заложија за зголемување на соработката и заедничките напори во бројни области, вклучувајќи ја нуклеарната безбедност и анти-тероризмот.

Обајцата лидери се заложија заеднички да работат на целосна имплементација на Резолуцијата 1240 на Советот за безбедност на ОН. Со неа се бара земјите-членки на ОН да преземат мерки за да ги спречат терористичките групида дојдат до оружје за масовно уништување. Буш и Путин се согласија да формираат американско-руска група за соработка на полето на нуклеарната безбедност, меѓу што и на обезбедувањето на нуклеарниот материјал што повеќе не е потребен за воени цели.

Претседателот Буш кажа дека од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва во Њујорк и Вашингтон, претседателот Путин “јасно ги разбрал“ опасностите со кои САД и Русија се соочуваат во врска со меѓународниот тероризам:

„Секојпат кога ќе се сретнеме, имаме интересна и конструктивна стратегија околу тоа како да продолжиме да ги заштитуваме граѓаните од напади. Тој ми посочи некои сериозни напади во неговата земја. Знам што значи тоа за мојот пријател. Позната ми е крвта, агонијата, тагата. Позната ми е емоцијата која доаѓа кога ќе видите недолжни луѓе кои ги загубиле животите. Ние го споделуваме тоа, и се надевам дека во иднина не ќе има потреба да го споделуваме“.

Претседателот Буш рече и дека имал важен и конструктивен дијалог со Путин во Братислава, од што ќе произлезат многу позитивни резултати.

///Доколку сакате да реагирате на овој уреднички коментар што ги одразува гледиштата на американската влада, испратете ни писмо на адреса Editorials, VOA, Washington D.C. 20237, USA. Можете да реагирате и преку електронска пошта на www.voanews.com/editorials///

XS
SM
MD
LG