Линкови за пристапност

Уреднички коментар на Гласот на Америка - Посета на претседателот Буш на Словачка - 2005-03-02


Претседателот Џорџ В. Буш ја заврши неодамнешната европска турнеја со посетата на Словачка. Во обраќањето во Братислава, тој потсети како во 1989-та, Чесите и Словаците по мирен пат ја соборија комунистичката влада преку таканаречената „Кадифена револуција“. Барајќи слобода - рече г-динот Буш - испириравте револуција што ја ослободи вашата земја и помогна во трансформацијата на целиот континент.

Оттогаш Словачка и Чешката Република се разделени на мирен начин. Словачка сега е суверена и демократска земја. Минатата година, Словачка стана членка на ЕУ и на НАТО. Патот кон слободата и напредокот - рече претседателот - не беше секогаш лесен, но Американците го почитуваат вашето трпение, вашата храброст и определба да обезбедите подобра иднина за вашите деца. Додека работите на изградбата на слободна и демократска Словачка во срцето на Европа, Америка е со вас.

Бидејќи на Словаците им е добро познат ужасот на тиранијата, тие се подготвени да помогнат слободата да ја почуствуваат оние кои и натаму се угнетени. Словачка испрати свои мировници на Косово и набљудувачи на изборите во Украина. Владата организираше посета на ирачка делегација на Братислава со цел таа од прва рака да се запознае со тоа како се формираат демократски институции. Покрај тоа, словачките војници служат во хуманитарни мисии заедно со останатите припадници на коалиционите сили во Авганистан и Ирак. Некои од нив ги дадоа и своите животи во името на слободата.

Деморкатијата во Европа продолжи да се шири и кон исток со „Розевата револуција“ во Грузија и „Портокаловата револуција“ во Украина. „За напредокот на слободата, можно е да бидат потребни неколку генерации, но на крајот ниту една земја нема да остане запоставена“, рече претседателот Буш.

„Неизбежно е дека народот на Белорусија еден ден гордо ќе припаѓа во семејството на демократии. На крајот, повикот за слобода ќе дојде на сечиј ум и душа, и еден ден ветувањето на слободата ќе допре до секој народ и секоја земја.“

Таквиот напредок - рече г-динот Буш – забележува голем наплив во времето во кое живееме.

XS
SM
MD
LG