Линкови за пристапност

НАТО успешно ги оцени реформите во македонската одбрана - 2005-03-02


„Брисел е импресиониран од решителноста со која Македонија ги исполни досегашните цели. Држете се и продолжете со добрата работа“. Ова е пораката од шефот на инспекцискиот тим на НАТО, помошникот на генералниот секретар на Алијансата, Гинтер Алтенбург, кој изминативе три дена вршеше експертиза на Акциониот план за членство на Македонија во НАТО и Прегледот на годишните активности.

„Од владата очекуваме успешно да ги заврши и останатите реформи, во судството и економскиот развој. Пред вас е програма полна со предизвици, како што се претстојните локани избори“, рече амбасадорот Алтенбург, по денешните средби со премиерот Владо Бучковски и министерот за одбрана Јован Манасиевски. „Се што е планирано, е исполнето“, изјави министерот Манасиевски. „Самото ова одвивање на вака високо ниво на овие одговори, самата ваква длабинска анализа, говори за сериозноста и за оставрениот напредок и за клучната фаза во која сега се наоѓаме. А особено, како што реков, самите резултати од овие експертски консултации се навистина, можам да кажам, дури и над нашите очекувања.“

Министерот Манасиевски и НАТО-експертот Алтенбург разговарале и за одлуките на Македонија за испраќање на 12 офицери и подофицери за обука на ирачките безбедносни сили и на медицински тим во Авганистан. Заклучокот на амбасадорот Алтенбург по оваа посета на Скопје е дека доколку и останатите политички, судски и економски реформи се одвиваат со исто темпо како и одбранбените, тогаш очекуван е оптимизмот за добивање покана за членство во НАТО.

XS
SM
MD
LG