Линкови за пристапност

Хидрогенот или водородното гориво - атрактивна алтернатива на бензинот  - 2005-03-02


Водородното гориво може да се произведува практично од се́, а единствена емисија од него е водата.

Портпаролот на американската Националната хидрогенска асоцијација, Патрик Серфас дава три причини зошто возилата на ваков погон се подобри:

„Намалување на зависноста од увоз на гориво, заштита на животната средина и економски растеж.“, истакна господинот Серфас.

Компанијата Шел на источниот брег на САД веќе отвори неколку бензиски пумпи каде се „точи“ хидрогенско гориво. Во ноември таква пумпа беше отворена и во главниот град на САД.

Хидрогенот чини два долари за килограм, а еден килограм произведува приближно исто количество енергија како еден галон бензин. Овој прототип на хидрогенски автомобил чини околу половина милион долари, но се очекува цената да опаѓа со сериското производство.

Ерик Раске, инженер во Џенерал Моторс вели:

„Џенерал Моторс планира да има голема палета такви возила до 2010.“

За иднината на хидрогенските автомобили, портпаролот на Националната хидрогенска асоцијација Патрик Серфас констатира:

„Навистина не гледам причина зошто да не успеат.“

XS
SM
MD
LG