Линкови за пристапност

Врховниот суд треба да одлучи дали изложувањето на Десетте заповеди на владин посед ја прекршува забраната на официјална поддршка на религијата  - 2005-02-28


Се работи за јавното изложување на Десет божји заповеди на локации во сопственост на владата, во федералните држави Тексас и Кентаки. Споменикот во Тексас се наоѓа пред градското собрание во Остин уште од 1961, додека во случајот на Кентаки, копии на Десетте заповеди се наоѓаат на ѕидовите во две судници од 1999-та.

Критичарите велат дека ваквото изложување на заповедите претставува прекршување на уставната забрана на владина поддршка на религијата.

Даглас Лејкок е професор на Одделот за правни науки при Универзитетот Тексас. Тој тврди дека Десетте заповеди се верски симболи и не треба да бидат поставени на локации во владина сопственост.

„Заповедите почнуваат со зборовите – Јас сум Господ Бог, а потоа продолжува – Не постои друг Господ и не создавајте лажни богови. Тоа не звучи како закон, тоа звучи како религија. Првата половина од Десетте заповеди навистина нема никакви секуларни еквиваленти. Тие во целост се однесуваат на должностите на човекот спрема Господ.“

Но поддржувачите на јавното поставување на заповедите, вклучувајќи ја и администрацијата на Буш, имаат поинаков став. Според нив, заповедите ги симбилизираат еврејско-христијанските корени што ја формираат основата на модерните правни принципи.

Џеј Секулов од Американскиот центар за право и правда – адвокатска компанија која често застапува конзервативни христијански активисти, вели дека повеќето Американци веќе го имаат прифатено поставувањето на Десетте заповеди на или околу бројни владини згради во земајта, вклучувајќи го и Врховниот суд.

„Зошто се таму, бидејќи тие се универзален симбол на правото. Врховниот суд треба да биде внимателен кога го дава своето мислење за да остави простор не само за поставување на заповедите на своја територија, туку и за десетиците илјади места во судниците и други владини објекти ширум САД.“

Правните експерти велат дека клучното прашање за Врховниот суд е дали поставувањето на заповедите на јавни владини места значи прекршување на уставната забраната за владина поддршка на религијата или почитување на мандатот за одвоеност на црквата и државата.

Судот треба да донесе одлука по прашањето до крајот на јуни.

XS
SM
MD
LG