Линкови за пристапност

Најмалку 125 жртви во најновиот напад во Ирак - 2005-02-28


Ирак

Денеска се случи еден од најужасните терористички напади во Ирак од падот на Садам Хусеин пред две години. Во него загинаа најмалку 125 лица, а повредени се многу други.

Возач-самоубиец го насочил својот автомобил полн со експлозив во толпа луѓе кои чекале пред здравствена установа во градот Хила, јужно од Багдад.

Болнички извори во Хила велат дека од инцидентото загинале 105 лица, но дека очекуваат оваа бројка да расте. Експлозијата оставила и најмалку 130 повредени во градот, каде живеат главно шиитски Муслимани. Властите велат дека најголем дел од жртвите се полициски регрути кои кога се случил нападот, чекале пред клиниката за лекарски преглед.

XS
SM
MD
LG