Линкови за пристапност

Годишен извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права во светот - 2005-02-28


Во денеска објавениот извештај за состојбата со почитувањето на човековите права во 2004-та, американскиот Стејт департментот вели дека во Македонија немало политички убиства и дека владата покажала напредок во истрагата за непочитувањето на овие права во изминатите години.

„Македонската влада продолжува агресивно да се бори против трговијата со луѓе“, вели Стејт департментот. Како позитивен развој се оценува и истрагата на случајот Раштански Лозја.

„Во Македонија нема политички мотивирани исчезнувања ниту пак смртни случаи предизвикани од експлозивни направи, како нагазни мини. Сепак, приведени лица повремено се жалеле на лошо постапување со нив во првиот период од нивното притворање“, се наведува меѓу другото во извештајот. Преземените чекори за реформи во полицијата, Стејт департмент исто така го смета за позитивен развој, сепак забелешки се дадени за бавноста на постапување по случаите што веќе се во процедура и за неажурноста на судството. „Дискриминацијата спрема малцинствата останува проблем“, стои во извештајот, и Стејт департментот поттикнува на решавање на проблемот со недоволната застапеност на етничките Албанци во полицијата и армијата.

Позитивни придвижувања постојат и во други држави. Извештајот ги издвојува успешните избори во Авганистан, Украина, Ирак и на палестинските територии, а човековите права, според Стејт департментот најмногу се прекршуваат во Иран, сојузниците на САД – Саудиска Арабија и Египет и на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG