Линкови за пристапност

Нова туристичка веб-страница на Македонија - 2005-02-27


Explorng Macedonia е он - лајн проект на англиски јазик, конципиран да претставува национален интернет портал, за промоција на македонскиот туризам, вели Саша Гавриловиќ еден од неговите основачи.

-Една од целите на Explorng Macedonia како портал ќе биде и да се букира независно дали тоа ќе биде хотел или летање со параглајдер, независно, се што може да му се понуди , да му се продаде на туристот, треба да биде тука.

Преку овој интернет туристички водич, туристите од кој и да дел од светот, но и во Македонија, можат да ја истражуваат Македонија, закажувајќи се на едно место- превоз од која било дестинација, престој во некој од хотелите, дегустација на македонската кујна и вина во некој од листата на ресторани, да дознаат што е актуелно во моментов во музеите и галериите, кои се најпознатите археолошки и историски локалитети и на крајот како да стасаат до сите тие места со јавниот превоз.

Преку интерактивниот центар пак, во секое време туристите имаат на располагање ажурирани податоци за тоа колку снег има на Маврово, на пример, каква е температурата во Охрид, на водата во Охридското езеро, но и за тоа кога се случуваат најкарактеристичните настани во земјата, како што се струмичкиот или вевчанскиот карневал, скопскиот џез фестивал, скопско и охридско лето, струшките вечери на поезијата, мајските оперски вечери.

-Еден од сегментите е да ги привлечеме туристите да дојдат во Македонија, другиот сегмент што се однесува на содржините е за тие што се веќе во Македонија, да им понудиме комлетна информација, да им понудиме што можат уште да добијат во Македонија. Значи, од таа страна екипата, тимот и Explorng Macedonia се грижи секогаш да има ажурни податоци за следните настани што се случуваат, за она што е интересно во моментов, односно во наредниот период, вклучувајќи и снегот, висината на снегот, истанува г-динот Гавриловиќ.

XS
SM
MD
LG