Линкови за пристапност

Теодор Вајгел ќе подготви долгорочна програма за побрз влез на Македонија во ЕУ - 2005-02-25


Германскиот финансиски експерт и владин советник Теодор Вајгел на својот ангажман во Македонија гледа како на личен предизвик да и помогне на една држава. Побрз влез во ЕУ, зајакнување на довербата кај инвеститорите во Македонија и завршување на процесот на приватизација ќе бидат главните области за кои г-динот Вајгел ќе предлага долгорочни мерки, а решенијата ќе треба да ги донесе Кабинетот на премиерот Владо Бучковски. Во неговата работа, тој ќе ги консултира домашните, веќе ангажирани советници, но повремено ќе ја користи и помошта на меѓународно признати странски експерти. - Јас ќе се потрудам, овде да се спроведе она што се нарекува мерки на доверба. Познавам многу луѓе од европските институции, како и повеќето врвни германски менаџери. Ќе се потрудам тие да се стекнат со доверба кон Македонија и секако ќе дојдеме до чекорот на инвестиции. Јас овде не дојдов да заработувам, вели поранешниот германски министер за финансии. Доколку го сакав тоа ќе останев во Германија и ќе работев како правник. Сумите со кои овде се шпекулира, според него, се нереални, но сепак главниот збор околу хонорарот ќе го има македонската Влада. -Верувајте ми дека доколку би дошол да работам за пари, јас би можел како правник во Германија, со моите мандати многу повеќе пари да направам, отколку со оваа советодавна улога. Но, јас ова го правам, бидејќи за мене тоа го гледам како еден личен предивик да и се помогне на ваков план една држава. Претходно, премиерот Бучковски изјави дека негова проценка е оти месечнитe трошоци за овој ангажман нема да надминува 10.000 евра, средства од техничката помош од земји кои сакаат да ја помогнат транзицијата на Македонија. Владиниот советник Вајгел веќе остварил контакти со германската Влада и со Брисел и ги има првичните проценки што се бара од Македонија на патот кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG