Линкови за пристапност

Vesti 24 - 2005-02-24


Ново насилство во Ирак

За време на денешните одвоени напади во северен Ирак, загинаа двајца американски војници и 10 Ирачани.

Американската армија соопшти дека војниците се убиени при бомбашки напади во близина на градовите Кариат и Самара.

Во Тикрит, во самоубиствен бомбашки напад пред полициска станица, загинале 10, а повредени се 22 лица.

На политичкиот фронт, ирачкиот преоден премиер Ијад Алави изјави дека ќе формира широка политичка коалиција со цел да ја задржи функцијата.

Иран-Земјотрес

Официјални лица во Иран соопштија дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по загинати и преживеани во планинските села по силниот земјотрес од вторникот.

Бројот на загинати од земјотресот со интензитет од 6,4 според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Керман се искачи на околу 550. Официјални лица стравуваат дека конечната бројка ќе расте.

Властите во Техеран соопштија дека 8.000 куќи се уништени, а десетици жители живеат во шатори и покрај екстремно ниските температури.

Палестинскиот парламент го одобри новиот кабинет

Потегот уследи отакако премиерот Ахмед Куреја им излезе во пресрет на барањата на пратениците да смени неколку официјални лица, блиски до починатиот лидер Јасер Арафат.

Новиот палестински кабинет беше одобрен откако претседателот Махмуд Абас изврши притисок врз фракцијата Фатах да се согласи на промените.

Реформите во палестинската управа беа клучна платформа на Махмуд Абас на неодамнешните претседателски избори. За време на владењето на режимот на Јасер Арафат, палестинската управа беше обвинувана за корупција.

XS
SM
MD
LG