Линкови за пристапност

ЕУ - Буш:  Балканот најдобар пример за соработката - 2005-02-23


Балканот е регион во кој заедничката работа на САД и ЕУ е осведочена и место каде заедничкиот успех е најспектакуларен. Вака австрискиот канцелар Волфганг Шисел го резимира делот од средбата на Европската унија со американскиот претседател Џорџ Буш одржана во вторникот попладне во Брисел. На Австрија и́ припадна задачата на самитот да зборува за Балканот. Австрија ќе претседава со ЕУ во првата половина на 2006-та, а како близок сосед со длабоки историски врски во регионот, се смета дека Виена е добар познавач и на политиката, и на менталитетот. Вашингтон во целост го дели ставот на Европската унија во однос на балканските проблеми, а пред се́ во однос на Косово, изјави Шисел, кој е уверен дека Вашингтон нема намера да презема чекори на Балканот брз да се консултира со ЕУ.

Според Шисел, во решавањето на косовскиот статус мора да се вклучи и Белград и дека тој став најверојатно го делат и САД.

„Се надеваме дека Хрватска наскоро ќе почне преговори за членство. За Македонија Европската комисија подготвува мислење, а и другите имаат европска перспектива. Балканските земји добро се развиваат. На средбата изнесов неколку податоци, како на пример дека директните инвестиции во регионот се пораснати од 3 на 23 милијарди евра“, вели Шисел и додава дека претседателот Буш, кога тоа го слушнал, побарал да добие подетални податоци.

XS
SM
MD
LG