Линкови за пристапност

Затоплување на односите меѓу САД и Европа


Од Алијансата Буш доби ветување дека таа ќе го зајакне своето присуство во Ирак, па дури и Франција и Германија, најголемите противници на воената операција во Ирак, ветија финансиска поддршка и обука на ирачките воени и полициски сили. Состанокот во НАТО започна со средба со украинскиот лидер Виктор Јушченко. Џорџ Буш го изрази своето задоволство што можел да разговара со човек кој до вчера водел резволуција и се заложи за влегување на Украина во евро-атлантските интеграции.

Вратата на НАТО останува отворена, рeчe американскиот претседател. Во тој контекст, претседателот Буш ги спомена и Македонија, Хрватска и Албанија и нивното успешно работење во рамките на акционите планови за членство.

Пред да замине за НАТО, тој утринава појадуваше со британскиот премиер Тони Блер, а вчерашниот ден го заврши со вечера со францускиот претседател Жak Ширак.

Во знак на затоплување на односите на претседателското мени се најдоа јадења од двете земји. Меѓу другото, Буш и Ширак јадеа помфрит и пиеја калифорниско вино.

Попладнево, Џорџ Буш е насамит во Европската Унија. Ова е прв пат американски претседател да учествува на европска средба на врвот.

XS
SM
MD
LG