Движењето за граѓански права во 1960-те, предведено од доктор Мартин Лутер Кинг, беше поглавје во американската историја исполнето со болки, што го привлече вниманието на целиот свет. За милионите Афро-американци кои зедоа учество во ненасилните протести за еднакви права и правда, ова беше и време што однесе жртви, меѓу кои и самиот доктор Кинг.
Денес, 40 години подоцна, постои зголемен интерес за движењето за граѓански права. Атланта, федералната држава Џорџија, предничи во промовирањето на туризмот во врска со цивилните права.
Најголема атракција во Атланта е подрачјето каде Мартин Луер Кинг живеел и проповедал, претворена во спомен-музеј. Таа е третото најпосетувано историско место во САД. Бил и Мерион Свансон се туристи од Охајо:
„Сеќавањата на протестниот марш во Вашингтон од 1963-та на некој начин ме поттикна дадојдеме во Атланта и да го видиме ова место.“
Џенет Лангстон и нејзиното момче Томас во Атланта дошле од Мемфис, Тенеси.
„Мислам дека е добра работа што постои вакво место – луѓето да дојдат да го посетат, да добијат поинаква претстава од она што го слушнале во училиште или пак воопшто не го слушнале; да научат повеќе за семејството на Мартин Лутер Кинг, за неговите гледишта.“
И во други федерални држави на југот се градат музеи и споменици за движењето за граѓански права, со цел да се прокнижи интересот за овој период од американската историја и на тој начин да се развива туризмот.