Линкови за пристапност

вести  2-17 - 2005-02-17


Либан

Либан повика странски експерти да помогнат во истражувањето кој го уби поранешниот премиер Рафик Харири.

Официјални лица соопштија дека швајцарски експерти за експлозив ќе помогнат во разоткривањето бомбашкиот напад во кој загина екс-премиерот Харири и 14 лица.

Харири ќе почива во џамија во Бејрут по емотивен и политички погреб. Илјадници граѓани по бејрутските улици му оддадоа почит на поранешниот лидер.

Многумина скандираа анти-сириски слогани. Либанската опозиција го обвини Дамаск за убиството на Харири. Сирија ги отфрли обвинувањата.

Северна Кореја

Преговарачки тимови во САД и во Јужна Кореја во Пекинг ги разгледуваат можноста како да ја убедат Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

Американскиот специјален пратеник Кристофер Хил и јужнокорејскиот заменик министер за надворешни работи Сонг Мин – Су се сретнаа денеска со кинескиот колега Ву Давеј.

Кинески официјални лица потврдија дека високи официјални лица од Комунистичката партија ќе разговара со Севернокорејците неделава.

САД, Јужна Кореја, Јапонија, кои заедно со Русија учествуваат во шест-страните разговори за нуклеарните потенцијали на Северна Кореја, сметаат дека влијанието на Кина врз Пјонгјанг е круцијално да се врати на преговорите.

ЦИА

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција смета дека исламските милитанти, Северна Кореја и Иран се главни закани за САД.

На сведочењето пред сенатската Комисија за разузнавање, Портер Гос кажа дека Ал-Каида останува закана и покрај успесите на САД и нивните сојузници во борбата против тероризмот. Тој оцени дека е само прашање на време кога Ал-Каида или други групи поврзани со неа ќе се обидат да употребат на оружје за масовно уништување.

Тој изрази загриженост и за севернокорејската програма за ракетни проектили од долг домет, и истакна дека американското разузнување верува дека Пјонгјанг има активни програми за производство на хемиско и биолошко оружје.

Ирак

Ирачката изборна комисија ги потврди резултатите од изборите на 30-ти јануари и им додели 140 места на главната шиитска коалиција, со што станаа мнозинство во Парламентот.

Како што се очекуваше, Обединетата ирачка алијанса беше голем победник, освојувајќи 140 од 275 места во преодниот национален Парламент. Курдските партии се втора политичка сила во Парламентот со 75 пратеници. Преодниот премиер Ијад Алави и неговата шиитска партија имаа 40 места во Собранието.

На изборите гласаа 8 милиони Ирачани, но Суните генерално ги бојкотираа. Висок официјален претставник на ОН за ирачките избори Карлос Венезуела, во Багдад изрази надеж дека оние кои не партиципирале во изборите ќе влезат во политичкиот процес во следното ниво на транзиција.

Негропонте – нов шеф на американското разузнавање

Претседателот Буш го номинираше американскиот амбасадор во Ирак, Џон Негропонте за прв американски директор на националното разузнавање.

Зборувајќи на прес во Белата куќа, Буш изјави дека долгогодишниот дипломат ќе знае како да ги спроведе реформите во разузнавањето во Вашингтон.

Конгресот ја формираше функцијата – директор за национално разузнавање минатата година, по препораките од комисијата која ги истражуваше терористичките напади врз Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија во 2001-ва.

Негропонте треба да биде потврден во Сенатот. 65-годишниот искусен дипломат бил амбасадор на САД во Хондурас, Мексико и Филипините, како и американски претставник во ОН.

XS
SM
MD
LG