Линкови за пристапност

Мериен Фејтфул - екс-девојката на Мик Џегер, со нов музички албум - 2005-02-16


Рапавиот и темен глас на Мериен Фејтфул сугерира дека преживеала. Во 1960тите, таа имаше хит со композиција на Ролинг Стоунс, "As Tears Go By," „Додека протекуваат солзите“, што таа ја испеа со слаб сопрано глас. Нејзината песна од 1969 "Sister Morphine" „Сестрата Морфин“, понуди вкус од она што уследи, кога младата пејачка стана жртва на музичкиот бизнис со паѓањето во зависност од дрогата. Мериен се врати на сцената со албумот од 1979, "Broken English," „Искривен англиски“, каде пееше за љубов, живот и очај, со нејзиниот нов, подлабок и рапав глас.

Оттогаш таа на својата музика и пристапува артистички и софистицирано и најде нова генерација обожуватели. Сега 58-годишната Мериен пушти во продажба нов албум "Before The Poison"- „Пред отровот“.

На нејзиниот нов це-де Мериен Фејтфул соработуваше со алтернативните уметници Ник Кејв, Пи Џеј Харви и Димон Олбрн од групата Блур. Мериен вели дека албумот се фокусира на светската социјална и политичка клима, забележувајќи дека „нешто од тоа е за мене, но повеќето е за тоа таму. 'Before the Poison' е за мене кога би била нападната со отровен гас. Јас многу буквално го сватив тоа. Снимката на Мериен Фејтфул вели нешто."

Пејачката неодамна го изведе делот на ѓаволот во претставата "The Black Rider," „Црниот коњаник“, драма напишана од авторот на бит-генерацијата Вилијам Бороу, со музика на Том Вајтс. Мериен мораше да ја откаже европската турнеја кога колабираше пред шоуто во Италија во декември. Дијагностицирана беше со хронична исцрпеност и по налог на лекарот се одмора три месеци. Од нејзиниот дом во Париз, таа пишува, "Само се одморам и се подготвувам за турнејата. Не работам многу и убаво е. Пливам, шетам и јадам."

Турнејата треба да започне некаде во март.

XS
SM
MD
LG