Линкови за пристапност

Вести за 16.02.2005 - 2005-02-16


Ирак - заложници

Бунтовниците во Ирак објавија видеоснимка на која киднапиран италијански новинар моли за живот и апелира до странските трупи да се повлечат.

На снимката покажана денеска на италијанската телевизија Џулијана Сегрена го моли италијанскиот народ да изврши притисок врз владата да се повлече од Ирак.

На снимката пишувало „Муџахедини без граници“ со арапско писмо. Не беше веднаш јасно кога снимката е направена.

Новинарката за весникот со седиште во Рим Ил Манифесто, била фатена на 4 февруари за време на интервјуирање луѓе на улица во близина на Универзитетот на Багдад.

Северна кореја - нукларно оружје

Кинескиот министер за надворешни работи вели „трпение и смиреност“ е потребно за решавање на спорот со Северна Кореја во врска со нивната нуклеарна програма.

Ли Жаоксинг на својот јапонски колега Нобутака Макимура му кажа дека продолжувањето на шестпартитните разговори за северно-корејските нуклеарни амбиции се во најдобар интерес на сите.

Кина наводно ќе испрати висок претставник во Северна Кореја подоцна неделава да разговара за соопштението на Пјонгјанг дека произвеле нуклеарно оружје и дека се повлекува од преговорите.

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи штотуку се врати во Сеул од Вашингтон каде разговараше за декларацијата на Пјонгјанг. Денеска Бан Ки-мун кажа дека Сеул нема да се ангажира во никакви економски планови од поголем размер со Северна Кореја додека ситуацијата не се реши. Но тој кажа дека хуманитарната помош ќе продолжи да се испраќа.

Протоколот Кјото - стапи во сила

Светскиот план за борба против глобалното затоплување, протоколот од Кјото, влезе во сила, поставувајќи ограничувања за емисијата на штетни гасови за кои се смета дека предизвикуваат промени на климата.

Договорен во 1997, Протоколот од Кјото е првиот законски обврзувачки договор за рестрикција на емисијата на гасови во 35 индустријализирани држави.

Овие газови, меѓу кои и јаглерод диоксид, се смета дека ја зголемуваат глобалната температура, а ги произведуваат главно автомобилите, централите и фабриките.

До денеска 141 држава го потпишаа протоколот. Меѓу нив не се САД и Австралија, но е Македонија.

Либан - погреб на Харири

Убиениот поранешен либански премиер Рафик Харири денеска беше погребан кај една бејрутска џамија по церемонија на која присуствуваа околу 200 илјади ужалени.

Неколку арапски високи личности, како и американскиот помошник државен секретар Вилијам Брнс исто така беа на погребот на влијателниот политичар кој беше убиен во понеделникот од експлозија на автомобил-бомба.

Илјадници Либанци извикуваа анти-Сириски слогани.

Политичарите на либанската опозиција продолжуваат да ја обвинуваат Сирија за убиството на господинот Харири. Сирија негира вмешаност.

Либанските трупи и полицијата го засилија обезбедувањето.

САД директно не го обвинија Дамаск за атентатот, но вчера го повлекоа амбасадорот од Сирија.

XS
SM
MD
LG