Се работи за продолжување на напорите на претседателот да ги зајакне сојузите, да говори за големите предизвици на нашето време, да ги зајакне пријателствата – се́ со цел да се зададе нова агенда во координацијата и партнерството со пријателите и сојузниците.
НАТО-сојузот, вели сенаторот Хагел, е во процес на трансформација, со цел да одговори на предизвиците на новиот век како и на потребите на сопственото проширување, но –
...Јас не сметам дека тоа значи оти НАТО денес не е релевантен, дека не може да игра улога на главна централна институција што ја држи трансатлантската алијанса. НАТО игра таква улога. Сметам дека повеќето НАТО-сојузници имаат таков став, не само новите членки, туку и некои од основачите. НАТО останува главната институција која се бави со трансатлантските интереси на нашите пријатели во Европа, како и Канада.
Во рамки на посетата е предвиден и самит Буш-Путин во Братислава. Сенаторот Хагел предвивува дека теми на оваа средба ќе бидат новата мировна иницијатива за Блискиот Исток, тероризмот, оружјето за масовно уништување, но и централизацијата на власта во Русија.