Рамсфелд пристигна во градот Мосул, а потоа замина за Багдад. Целта е да се запознае со текот на обуката на ирачките сили. Тој изјави дека со тек на време Ирачаните ќе бидат способни да ги поразат бунтовниците и штом ќе докажат дека се подготвени за ова, коалиционите сили достоинствено ќе си заминат дома.