Линкови за пристапност

Предавање во Вудроу Вилсон Центарот:  Улогата на ОБСЕ во спречување на конфликтот во Македонија и на Косово - 2005-02-09


Професорот Хопман од Универзитетот Браун излагањето го започна со призанието дека меѓународните институции не секогаш се успешни во спречување конфликти во многу кризни жаришта во светот. Според него, потребно е да се согледаат алармантните знаци што ги упатуваат организациите од типот на ОБСЕ, како во примерот со Косово и прелевањето на кризата во Македонија, истакна професорот Хопман:

„Прво беше затварањето на мисијата на УНПРЕДЕП во 1999-та. Македонската влада, како што сега ретроспективно сметаат луѓето, направи погрешна пресметка кога со цел да направи економски врски со Тајван, му ја призна независноста. Тоа ја предизвика Кина да стави вето во Советот за безбедност на ОН за продолжување на мисијата на УНПРЕДЕП, по што тој се повлече. Иронично, тоа се случи само неколку недели пред да почне војната на Косово.“

Според професорот Хопман, нелегалното оружје има голем удел во почетокот на конфликтот во Македонија во 2001-ва:

„НАТО побара УЧК да се разоружа. Еден од полесните начини беше наместо оружјето да се предаде на НАТО силите, тоа да се пренесе во Македонија.“

Меѓународната заедница во обидот за враќање на мирот во српската покраина не успеа да го спречи избувнувањето на конфликтот во Македонија, смета универзитетскиот професор.

Во моментов ОБСЕ во Македонија има мандат да основа полициска академија, да помогне во фомирањето гранични партоли со мешан етнички состав, како и да го набљудува темпото на имплементирање на Охридскиот договор.

XS
SM
MD
LG