Линкови за пристапност

Министрите за одбрана на НАТО се среќаваат во Ница на разговори главно за ситуацијата во Авганистан, Ирак и Косово  - 2005-02-09


Министрите за одбрана од 26 земји-членки на НАТО се среќаваат на нивниот прв состанок на француска почва. Утре ќе биде главниот ден на состанокот што се одржува во конференцискиот центар Акрополис, со големо безбедносно опкружување.

Едно од прашањата на кои ќе се работи е употребливоста на силата со која располага НАТО. Имено, од 2,5 милиони Европјани во униформа, само 3 до 5 проценти може да бидат распоредени надвор од нивните национални граници, за операции на НАТО. Американскиот амбасадор во Алијансата, Николас Брнс, за Гласот на Америка изјави дека тој процент за американските трупи е 45. Освен тоа, САД во моментов за одбрана трошат два пати повеќе од сите останати членки на Алијансата заедно.

Портпаролот Жан Франсоа Биро призна дека има јаз во оваа смисла и дека има и расположение тој да се премости. „Сакаме да бидеме полноправни партнери“, кажа тој за Гласот на Америка, „и сакаме да ги споделиме нашите должности и да понесеме избалансиран товар“.

Средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов, кој ќе се приклучи на средбата, за господинот Биро е од големо значење, зашто Алијансата мора да има разбирање со Русија по сите основни прашања, како ширењето на оружјето за масовно уништување, ситуацијата и ангажманот на Блискиот Исток и целокупната стабилност на Европа.

За Косово постои општа согласност дека тоа е тешка мисија што и во иднина ќе бара голем ангажман.

XS
SM
MD
LG