Линкови за пристапност

Vesti 9 - 2005-02-09


Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во Брисел се среќава со шефовите на дипломатии на НАТО каде се очекува главна тема на разговорите да биде Ирак.

Вчера во Париз, Рајс говореше за надворешната политика, при што ја повика Европа да ги остави настрана несогласувањата со Вашингтон околу ирачката војна и да почне ново поглавје во транс-атланските релации.

Се ближи крајот од осумдневата турнеја на шефот на американската дипломатија низ Европа и Блискиот Исток. Кон крајот на месецов, во посета на неколку европски земји ќе замине и претседателот Буш.

Ирак

Вооружено лице во јужниот град Басра застрелало ирачки новинар кој работел за телевизијата Ал – Хура, основана од САД.

Абдул Хусеин Казал и неговиот тригодишен син се убиени додека го напуштале домот. Ал – Хура соопшти дека Казал работел како дописник за телевизијата од април минатата година.

Во меѓувреме во Багдад, киднапери убиле висок претставник на ирачкото Министарство за внатрешни работи.

Ирачката изборна комисија соопшти дека конечните резултати од изборите на 30-ти јануари кои требаше да бидат обелоденети в четврток ќе бидат одложени, затоа што гласачките ливчиња од околу 300 кутии мора да бидат преброени.

Израел-Палестинци

Израелски официјални лица соопштија дека наскоро очекуват одржување на втор самит меѓу премиерот Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

На вчерашната средба во Египет, Шарон го покани Абас да го посети на неговиот ранч во јужен Израел, откако двајцата лидери прогласија примирје и ставија крај на четиригодишното насилство.

Во меѓувреме, шефот на израелската дипломатија Силван Шалом изјави дека планира да раководи со кампањата за референдум околу плановите на премиерот за повлекување од Појасот Газа годинава.

САД, ОН, ЕУ и Русија се ко-спонзори на мировниот план наречен Мапа кон мирот, со кој се повикува создавање независна палестинска држава, која ќе биде до безбеден Израел.

Кинеска Нова Година

Во Пекинг започна прославата на Кинеската Нова Година.

Пред кинеските храмови имаше игри со змаеви и паради и покрај ниските температури, граѓаните уживаа во веселбите.

Кинеските новогодишни празници официјално започнуваат денеска и ќе траат во наредните седум дена.

XS
SM
MD
LG