Линкови за пристапност

вести за 2-8 - 2005-02-08


Израел - Палестинци

Израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскот претседател Махмуд Абас објавиле формален крај на повеќе од четири години насилство.

Ниедна страна не го потпишала примирјето на египетскиот самит денеска, но палестинскиот лидер го опиша ова како нова можност за обнова на мировниот процес на Блискиот Исток, а потоа објави крај на палестинското востание против израелската окупација.

Неколку моменти подоцна господинот Шарон кажа дека Израел ќе ги запре воените активности против Палестинци насекаде. Премиерот потоа го покани палестинскиот лидер на разговори на неговиот ранч во јужен Израел. Господинот Абас прифати.

Самитот е средба на највисоко ниво на двете страни откако избувна интифадата во септември 2000, по колапсот на мировниот процес. Повеќе од 3300 палестинци и близу 1000 Израелци се убиени во насилството.

Кондолиза Рајс во Европа

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс треба да одржи голем говор од областа на надворешната политика денеска во Париз каде се очекува да побара од Европа да се приклучи на САД во промовирање на демократијата во светот.

Претставници на Стејт Департмент велат дека госпоѓица Рајс намерно го избрала Париз за место на говорот бидејќи државата била во центарот на расправата за војната во Ирак.

Се очекува госпоѓица Рајс да промовира „заеднички вредности“ што западот ги има, а подоцна ќе се сретне со француски лидери, вклучително и претседателот Жак Ширак.

Говорот е дел од дипломатската турнеја на државниот секретар низ Европа и Блискиот Исток, нејзино прво патување по заземањето на функцијата.

Таа во Париз пристигна од Рим, каде се сретна со италијанскиот министер за надворешни работи Џанфранко Фини и ватиканскиот државен секретар.

Верски слободи

Американската комисија за меѓународни верски слободи поттикнува санкции за Еритреја, Саудиска Арабија и Виетнам за непочитување на религиозните права.

Ова тело на американската влада предлага акција. Минатата година во извештајот на Стејт Департмент беа означени три држави како земји „на особена загриженост“ заради, како што стои во извештајот „нечуено и систематско кршење“ на верските слободи.

Во писмо до државниот секретар на САД Кондолиза Рајс комисијата поттикнува на саудиските и виетнамските претставници одговорни за кршењето на верските слободи, да им се забрани влез во САД. Телото исто така сугерира американската парична помош предвидена за Еритреја биде пренасочена за програми кои придонесуваат за почитување на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Комисијата предлага 15 март да биде крајниот рок за преземање акција.

Иран - САД

Првиот човек на иранскиот Врховен национален совет за безбедност вели дека Техеран сака да ги разреши разликите со Вашингтон и дека американски воен напад нема да ги уништи сите ирански нуклеарни објекти.

Хасан Ровхани кој исто така е и ирански врвен преговарач за нуклеарни прашања ова го кажа денеска на националната телевизија.

Господинот Ровхани кажа дека Иран не сака тензии со САД, но дека Вашингтон ги блокира сите напори за решавање на разликите.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс минатата недела кажа дека воен напад против Иран не е на агендата во овој момент.

САД го обвинуваат Иран за обид тајно да развие нуклеарно оружје. Иран го негира обвинението.

Ирак

Терористичката мрежа предводена од Абу Мусаб ал Заркави денеска ја прифати одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад кај ирачки армиски центар за регрутација.

Во соопштение објавено на Интернет ал-Каида во Ирак вели дека еден од нивните членови пенетрирал во редицата регрути надвор од центарот и го детонирал експлозивот што го носел со себе.

Најголем дел од убиените или повредените биле членови на ирачката армија или лица кои сакале да и се приклучат.

Во понеделникот лојалистите на ал-Заркави исто така ја презеле одговорноста за два самоубиствени бомбашки напади во кои загинале најмалку 27 лица од кои најголем дел полицајци.

Исто така денеска вооружено лице во Багдад од заседа нападнало автомобил на ирачки политичар, убивајќи ги неговите двајца синови и телохранителот. Политичарот останал неповреден.

Непал

Извештаи од Непал велат дека владини трупи поддржани од хеликоптери нападнале Маоистички кампови за обука и засолништа на запад во земјата, убивајќи десетици бунтовници.

Извештаите велат дека нападите се дел од новата офанзива против маоистичките бунтовници покрената од Кралот Гуанендра, кој ја распушти владата, ги откажа граѓанските слободи и зема диктаторска моќ пред една недела.

Непалските домашни и меѓународни телекомуникациони врски за прв пат неделава функционирале денеска.

Кралот и неговата влада што самиот ја избрал, забраниле секакви собири. Но непалски групи за човекови права велат дека планираат да не ја почитуваат забраната и закажале демонстрации за

XS
SM
MD
LG