Линкови за пристапност

Европа мора да биде подготвена  да работи со Америка - 2005-02-08


Националната фондација за политички науки во Париз беше местото што Кондолиза Рајс го одбра за испраќање на својата порака. Европа и Америка не се гледале секогаш во очи, но сега е време за ново поглавие: - Америка е подготвена да работи со Европа врз нашата заедничка агенда а Европа мора да биде спремна да работи со Америка, рече Рајс. Американската дипломатија го одбра токму Париз за овој прв значаен говор на новиот шеф на дипломатијата како гест на помирување што втората администрација на Џорџ Буш го манифестира кон Европа. Гѓа Рајс во Париз пристигна вчера попладне од Рим каде што разговараше со својот италијански колега Џанфранко Фини и државниот секретар на Ватикан Кардиналот Анџело Содано. Зборувајќи во Рим Рајс изрази оптимизам во однос на мировниот процес на Блискиот Исток, а побара од Сирија да престане да поддржува милитантни групи. Во Париз Кондолиза Рајс се сретна со францускиот претседател Ширак и министерот за надворешни работи Барние. Денес таа престојува во Брисел каде што се закажани вонредни средби на шефовите на дипломатиите на Европската унија и на НАТО. Оваа прва европска турнеја на Кондолиза Рајс е подготовка на посетата на

XS
SM
MD
LG