Линкови за пристапност

Суспендиран распитот на дополнителните сведоци за случајот Љуботен  - 2005-02-08


Поранешниот државен јавен обвинител, сега адвокат Ставре Џиков, кој денеска требаше да се соочи со истражителскиот тим, по двочасовно чекање во канцеларијата на УНХЦР во Скопје, писмено бил известен дека термините на неговиот распит и распитот на останатите двајца сведоци се одложува.

-Добивме факс во кои се известуваме сите тројца поканети странски, претседателот на Основен суд 2, в.д. претседателката од Основен суд 1 дека се одлагаат термините за наш распит, со што евентуално би се утврдил друг термин. Претпоставувам дека од она што е објаснето, заради зафатеност и други обврски.

Според г-динот Џиков причината за неговото повикување како сведок во случајот Љуботен се неговите сознанија од 2001 година. Тој вели Хаг ја поседува сета документација поврзана со настанот од август 2001 година, со што располагале македонските власти.

-Судската постапка, во рамките на она што е случајот се е испратено. И тоа е испратено со заедничка тимска работа на истражниот тим на Хашкиот обвинител.

Вчера, хашките истражители повеќе од 9 часа разговараа со поранешниот шеф на обезбедувањето на починатиот претседател Борис Трајковски, Златко Кескоски. По завршувањето на распитот, г-динот Кескоски рече дека во интерес на истрагата не

XS
SM
MD
LG