Линкови за пристапност

Вести за 07.02.2005 - 2005-02-07


Рајс - Блиски исток

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вели дека палестинскиот лидер Махмуд Абас и израелскиот премиер Ариел Шарон ги прифатиле поканите за одвоени посети на Вашингтон.

Рајс е на патување по Блискиот Исток, каде се сретна со двајцата лидери.

Таа исто така соопшти дека Вашингтон ќе обезбеди 40 милиони долари итна помош за Палестинците, што е дел од пакетот ветен од претседателот Буш, тежок 350 милиони долари.

Државниот секретар го назначи армискиот поручник-генерал Вилијам Вард за американски координатор за придвижување на блиско-источниот мировен процес.

Буш - Буџет

Претседателот Буш до Конгресот испраќа предлог буџет за 2006, во висина од 2,5 трилиони долари, кој предвидува зголемување на финансирањето за воени потреби и помошта за странство, за сметка на намалување на популарни домашни програми.

Се очекува голема битка во Конгресот, особено што скратувањето го зафаќа образованието и здравствената заштита.

Дефицитот во моментов е 427 милијарди долари, но Белата куќа вели дека државата се движи во добра насока и до 2009, дефицитот ќе биде преполовен.

Ирак - актуелно

Ирачките власти соопштија дека најмалку 25 лица се убиени и многу повеќе повредени во два одделни самоубиствени бомбашки напади врз ирачки полицајци во Багдад.

Еден напад се случил врз болничка зграда во северниот град Мосул, каде бомбаш-самоубиец детонирал екплозив меѓу група полицајци. Најмалку 11-на загинаа.

Во Бакуба, северно од Багдад, при детонирање на автомобил-бомба пред седиштето на полицијата загинаа 14 лица.

Милитантите на Абу Мусаб ал Заркави, терористичка група во Ирак поврзана со Ал-Каида, ја презела одговорноста за двата напади во соопштение на интернет.

Авганистан - спасувачки екипи

Спасувачките екипи во Авганистан пронајдоа остатоци од човечки тела во високите планински масиви во близина на Кабул, каде мината недела се урна патнички авион. Тие соопштија дека знаци оти некој од 104-лица во авионот ја преживеал несреќата.

Боингот 737 на авганиската компанија Кам-Еар, се урна во снежна планина јужно од Багдад во четвртокот.

Мировниците на НАТО во Авганистан соопштија дека словенечки спасувачки тим од хеликоптер биле пресени на местото на несреќата во понеделникот.

Портпаролот на Алијансата потврди дека и покрај екстремно ниските тепператури на планината, тој не може да ја исклучи можноста за евентуални преживеани се додека целата област целосно не се истражи.

XS
SM
MD
LG