Линкови за пристапност

Приоритетите на претседателот Буш во новиот предлог-буџет за 2006 година - 2005-02-07


За време на првиот мандат, претседателот Буш беше критикуван од опозиционите Демократи и многу конзервативни Републиканци дека не прави доволно за контрола на владините трошоци, како и оти дозволил зголемување на федералниот дефицит.

Сега тој се обидува да стори нешто за тоа, преку до сега најстриктен предлог-буџет во неговото претседалствување. Тој предложи затварање или намалување на околу 150 владини програми:

Претседателот зборуваше со новинарите за време на средбата со Кабинетот:

„На американскиот народ ќе му објаснам зошто направивме отстапки во буџетот. Целосно разбирам дека понекогаш е тешко да се скратат програми кои звучат добро, но луѓето треба да се фокусират на резултатите. Јас им велам на конгресмените – покажате резултати дали оваа програма функцинира и мислам дека ќе добиеме добар одговор.

Буџетот кој ја покрива фискалната 2006- година старува на 1-ви октомври. Предвидени се 2, 5 трилиони долари и предвидува кратење на субвенциите за американските фармери. Тоа стимулира бран од негативни реакции од организациите кои ги поддржуваат фармерите.

Во буџетот е вклучен и предлогот за кратење на околу 32 милијарди долари од владини програми за храна, кои се насочени за сиромашните Американци.

Буџетот крати и голем број програми од областа на здравствената заштита, меѓу кои најзначајна е здравствената заштита за постарите лица со лимитирани средства за живот, со што претседателот се стреми на заштеда од милијарди долари.

Соочувајќи се со буџетски дефицит од 427 милијрди долари, претседателот Буш има намера на овој начин да го започне процесот на негово преполовување до 2009-та. Демократите не веруваат дека тоа ќе се случи, но претседателот на критиката одговара со поголема фискална дисциплина.

Претседателот Буш е критикуван дека буџетот не ја отсликува реалноста, зашто не се вклучени сметките за конфликтите во Ирак и Авганистан. За тоа Белата Куќа ќе побара дополнителни средства.

На прашања од надворешната политика, претседателот предложи зголемување на билатералната хуманитарна и развојна помош.

Иницијативата на претседателот Буш за спречување на Сидата во африканските и карипските нации чини околу 3, 2 милијари долари.

Државите кои се наоѓаат во првите редови во борбата против тероризмот, како Пакистан и Авганистан, се очекува да добијат онолку колку им е потребно да продолжат со нивните напори.

XS
SM
MD
LG