Линкови за пристапност

Што ќе донесе годишното обраќање до нацијата од претседателот Буш? - 2005-01-31


Можеби нема понагласена тема за членовите на Конгресот од Ирак, и што бушовата администрација планира да стори по изборите.

Сенаторот Џо Бајден од Делвер, врвен по ранг Демократ во сенатската комисија за односи со странство, честопати ја критикува администрацијата за недостаток од јасен план за Ирак по соборувањето на режимот на Садам Хусеин.

Тој вели дека обраќањето до нацијата е можност за искрено истапување на претседателот Буш пред американскиот народ во однос на иднината американската мисија во Ирак.

„Се надевам дека Претседателот ќе се обиде да каже што очекува од Американците, затоа што верувам дека тие се подготвени да сторат се што се бара од нив, но не и понатаму да не знаат што се бара од нив.“

Републиканците кои го сочинуваат мнозинството во Конгресот имаат слични прашања.

Сенаторот Чак Хагел од Небраска, уште еден член на сенатската комисија за односи со странство, сака да знае дали мисијата на САД во Ирак, ќе има промени во следните месеци:

„Како тоа ќе се одрази по досегашната работа? Помалку трупи, намалување на војниците? Повеќе војници од НАТО?“

Бушовата администрација досега одби да прецизира тајминг за повлекување на американските војници од Ирак. Буш изјави дека САД ќе останат во Ирак се додека новата ирачка влада не се оспособи самостојно да се грижи за безбедноста во земјата.

Но, некои Демократи сметаат дека можеби сега е време за заминување од Ирак.

Сенаторот Тед Кенеди, еден од најгласните критичари на политиката на администрацијата, го повика претседателот Буш дапочне со повлекување на 12.000 од 150.000 трупи колку што се во Ирак, за целосното повлекување да заврши до следната година:

„Дојдовме до точка кога пролонгирањето на американското воено присуство не е повеќе продуктивно ниту за Ирак ниту за САД. Американското воено присуство стана дел од проблемот, а не од решението“.

Конгресмените исто така сакаат да знаат како администрацијата планира да ги обнови односите со американските сојузници, влошени околу ирачката војна.

Членовите на Конгресот очекуваат и доразјаснување на плановите за промовирање на слободата и демократијата во светот.

Инаугуралното обраќање на Буш беше причина за загиженост кај некои конгресмени, вклучувајќи го и Сенаторот Бајден, кој беше гостин во "This Week", на телезивискиот канал Еј-Би-Си:

„Вистинското прашање е дали Буш се држи до старата неоконзервативна доктрина за соборување на „злите империи“ со употреба на сила или сака постепено да ја наметнува политиката, како на Балканот, дали ќе продолжи да работи со Кина на досегашниот начин, преку воведување на државата во главните текови преку трговија и слично. Не разбирам кои се вистинските параметри на новата бушова политика.“

Многу Демократи забележаа дека претседателот со инаугуралното обраќање не покажа тенденција за промена на политиката, туку повеќе упати на стратегијата што ја имал и во првиот мандат.

Членовите на Конгресот се посебно љубопитни да чујат како претседателот планира да плати за реализирање на амбициозната агенда. Дотолку повеќе што се знае дека претседателот нема намера да ги врати даноците на ниво пред намалувањето.

XS
SM
MD
LG