Линкови за пристапност

ЕУ ја прошири црната листа за Македонија - 2005-01-31


Пред точно една година Брисел усвои список со 12 имиња на лица на кои им е забранет пристап во ЕУ. Овие дванаесет лица и понатаму остануваат “персона нон грата“ во ЕУ, а ним им се придружуваат уште 9 лица. Брисел не сака да зборува за прецизни настани или акти кои ја мотивираат ваквата постапка:. Туку резимира дека станува збор за лица кои промовираат или учествуваат во насилни екстремистички активности чија цел е подривање на Охридскиот договор и на основните принципи на стабилност, територијален интегритет и мултиетнички карактер на државата Списокот е изработен според информациите што ЕУ го собира на теренот во Македонија а за овој чекор се навремено известени и македонските власти. Новите лица од црниот список се:

БЕЌИРИ Идает ЈАКУПИ Лирим – командант Нази КРАСНИЌИ Агим ЛИМАНИ Фатмир МАТОШИ Ружди МИСИМИ Насер МУСТАФАЈ Таип СУМА Емруш УКШИНИ Сами - Командант Соколи

XS
SM
MD
LG